Романија е секуларна држава и нема национална религија. Најголема религиска организација е Романската православна црква во која членуваат околу 86.7% од романското население. Покрај православието, други позначајни религии се католицизмот со 4.7% и протестантството со 3.7%. Во Романија живее и мало турско население кое е дел од исламската религија.
Источното православие е најголемата религиозна организација во Романија. Вкупниот број на верници е околуѕ 19.000.000 според пописот од 2002 година или 86,7% од населението. Според анкетата која била спроведена во 2007 година, 38% од верниците одат во црква неколкупати неделно или повеќепати во еден месец, 20% одат на црква на месечно барем еднаш, 33% одат само еден или двапати годишно, а 7% не посетуваат црквата.
Според пописот од 2002 година, има 1.028.401 верници односно приврзаници на Римокатоличката црква во Романија, кои ја сочинуваат 4.7% од населението. Мнозинството од католиците се со унгарска етничка припадност, иако постојат и повеќе од 300.000 етнички Романски католици, главно во Трансилванија.
Според пописот од 2002 година, има 191.556 верници односно приврзаници на Гркокатоличката црква во Романија, кои ја сочинуваат 0.8% од населението. Мнозинството на грко-католиците, живеат во северниот дел од Трансилванија.
Според информациите од 2003 година, романската грко-католичка црква во истата година имала 737.900 верници, но сепак постои голем спор помеѓу римокатоличката црква околу ова прашање.
Според пописот од 2002 година Архивирано на 25 март 2008 г. Протестантите претставуваат 5,2% од вкупното население на земјата.
И покрај тоа што бројот на приврзаниците на исламот е релативно мал, ислам|исламот има голема традиција во Романија, а особено во Северна Добруџа, во регионот на Црното Море, кој бил дел од Отоманското Царство речиси пет века (1420-1878 ). Според пописот од 2002 година, 67,566 луѓе, или приближно околу 0,3 од вкупната популација, истакнале дека нивната религија е исламот. 97% од романските муслимани се жители на Северна Добруџа.